„МОЈОТ БРАТ БЕШЕ МРТОВ ПОРАДИ ЦРНА МАГИЈА“: ОВА БЕШЕ ВО ПЛАКАРОТ, Лалатовиќ ОТКРИ СЕ за семејната драма – „ИМАШЕ ЦРН КРСТ“

Страшно искуство…

Српскиот фудбалски тренер Ненад Лалатовиќ, кој моментално од клупата го предводи тимот на Младост ГАТ, е познат по добрите тренерски резултати, но и по изјавите и испади. Сепак, една негова изјава посебно го привлече вниманието на јавноста во која тој зборуваше за црна магија. 

Лалатовиќ во едно интервју ја спомна семејната драма што ја имал кога неговиот брат Александар бил во болница. Наводно, по неуспешните обиди да му помогнат, семејството се обратило кон жена која практикува „магија“. 

– Едно лице му рече на татко ми дека има жена во Бачки Јарак, можеби ќе отидете да погледнете, ако верувате во тоа. Тоа беше една старица која тогаш имаше можеби седумдесет и нешто години… му рече на татко ми: „Гледам дека некој фрлил нешто, некоја магија, за вашиот стар син Александар“ – рече Лалатовиќ и додаде :

– Му рече на татко ми да го бара во плакарот синот дуксер со пруги. Татко ми и јас отидовме во станот на брат ми, а таму имаше еден со јакна со зелено-бели пруги. Од другата страна, каде што беше срцето, имаше издлабен крст – црн конец. Таа жена ни рече да го фрлиме, да го запалиме. Татко ми го направи сето тоа и после тоа, три-четири дена подоцна, брат ми ги отвори очите. 

Ненад истакнал и дека наводно било вистинско чудо, според докторот. 

– Го нарекоа феномен во болница. Беше мртов, клинички мртов, никој не му даде шанса, до денес во таа болница го нарекуваат феномен. Потоа, полека, се разбира, на брат ми му се врати видот и се врати во нормала. Фала му на Бога, сега се е како што треба – заклучи Лалатовиќ.