За врската на Северина и Милан Поповиќ со денови се шушка , а се започна кога пејачката го загуби старателството над своето дете.
Неодамна во емисијата „Сценирање“ гостуваше Поповиќ, кој отворено проговори за врската со Северина.
Тој зборуваше за тоа како се запознале, а за неа првпат слушнал за време на неговиот живот во Русија.
Тој вели дека за пејачката му раскажала негов пријател кој бил лудо вљубен во убавата Северина, а потоа додава дека и тие биле во врска.
– Во една прилика ми рече да пуштам песна од Северина, тој беше заљубен во неа, беше во врска со неа некое време, но сега нема да озборувам – искрен беше Милан во емисијата на Љиљана Станишиќ, кој и денеска се споделува на социјалните мрежи.