Познатиот адвокат брутално бил ликвидиран пред неговата канцеларија во деловниот центар на Рио де Жанеиро!
На страшната снимка се гледа како Родриго Марињо Креспо (42) излегува од деловна зграда за да руча со својот внук, кога напаѓачот, кој носел дуксер со качулка и маска, пукал во него. Убиецот претходно излегол од белиот автомобил и испукал неколку куршуми кон адвокатот одзади, а потоа се наведнал над Креспо и пукал уште неколку пати.
Advogado é morto com 10 tiros em frente à OAB no Rio de Janeiro
— Acesso à Notícia (@acessoanoticia) February 27, 2024
Identificado como Rodrigo Marinho Crespo, advogado foi morto por homens encapuzados perto do escritório onde trabalhava pic.twitter.com/YZ3MNQE3BV
Сведоците велат дека еден од осомничените го повикал Креспо по име пред да отвори оган. Властите го прегледале местото на злосторството и пронашле 11 чаури испукани од пиштол калибар 9 мм. Инспекторите проверуваат дали осомничените претходно го следеле Креспо.
Други снимки покажуваат дека болничарите се обидуваат да го оживеат Креспо пред да биде прогласен за мртов.
Засега нема апсења.
Креспо претходно го практикуваше граѓанското деловно право и застапуваше клиенти кои беа жртви на шеми за криптовалути.
Локалниот весник „Метрополис“ објави дека во 2022 година, Креспо ја презел одбраната на колегата адвокат Вилер Томаз во спорот околу сопственоста на вилата од 2 милиони долари купена од бразилската фудбалска ѕвезда и напаѓач на Тотенхем, Ричарлисон.