МОЌНА АКЦИЈА – Украинците се пофалија: “Погледнете како уништивме дури 10 руски тенкови за само една ноќ!“ (видео)

Тајната Служба за безбедност на Украина (СБУ) објави видео од уништувањето на дури десет руски тенкови и едно оклопно возило и, како што тврдат, тоа се случило за само една ноќ, пишуваат тамошните медиуми.

Заедно со видеото, во објавата пишуваше дека десет тенкови се уништени од специјалци од единицата „Бели волци“ на СБУ.

Нашите специјалци од Центарот за специјални операции ‘А’ уништија непријателска опрема во правец на Доњецк. Во овој чин во една ноќ беа уништени десет цели“, се вели во соопштението до јавноста.

Олександар Сирски, командант на копнените сили на Украина и командант на Источната група на вооружените сили на Украина, кажа дека „Русија напаѓа речиси по целиот источен фронт“.

Сепак, Бахмут сè уште е епицентарот на непријателствата. Борбите за градот продолжуваат. Непријателот ги ангажираше сите свои сили и се обидува да ја пробие одбраната на неколку фронтови и целосно да го опколи градот“, кажува Сирски.

војнаОлександар СирскиРусијаСБУУкраина