Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори за Новак Ѓоковиќ откако во третото коло на УС Опен го победи Даниел Еванс.
Алкараз до триумфот стигна во четири сета по 3 часа и 15 минути. Потоа на прес-конференцијата му беше поставено прашање за неговиот најголем ривал.
Да потсетиме, Ѓоковиќ губеше со 2:0 од Ласло Ѓере, а потоа го сврте натпреварот и победи со 2:3.
Алкараз со својот одговор јасно го покажа своето мислење за Србинот и колку го почитува.
– Ги гледав само првите два сета, па легнав. Но, кога заминав, мислев дека Новак ќе се врати, тоа е сигурно. Уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите во историјата – изјави Алкараз и продолжи:
– Мислам дека беше шести или седми натптевар Новак да се врати по 0:2 во сетови. Тоа е лудо. Да се има 36 години и да се прават работи како 20 години е неверојатно. Мора да признаете, тоа е нешто на што ми се восхитувам.
Откри и која е неговата голема желба.
– Го сакам Њујорк, чест е да играм на овој терен. Сакам да продолжам да играм на добро ниво и да ја чувствувам енергијата на публиката на секој натпревар. Мојата голема цел е да ја одбранам титулата, само Федерер успеа да го направи тоа во изминатите години. Сакам да го направам истото и да станам дел од историјата на турнирот, но одам натпревар по натпревар – изјави Алкараз.
Ниту одбраната на титулата не му носи на младиот Шпанец да остане на првото место. Со оглед на тоа што разликата пред почетокот на турнирот меѓу него и Ѓоковиќ беше само 20 поени, победата во првото коло му беше доволна на Новак да се врати на тронот.
Новак со секој нареден триумф само ја зголемува предноста на АТП листата, која ќе излезе по финалето на четвртиот Грен слем во сезоната.
Ѓоковиќ против Алкараз може да игра само во финалето.