МОЌНО ОРУЖЈЕ! Руската гордост уништена за прв пат во Украина – се вклучи црвениот аларм во Москва: “Да, се обидоа да нападнат…“

Минатата недела руските вооружени сили се обидоа да го уништат американскиот систем за против-воздушна одбрана Patriot во Украина со ултразвучна ракета Kinzal, објави CNN, цитирајќи двајца американски претставници. 

Украинците со помош на системот Patriot успеале да ја пресретнат руската ракета. Тоа е прв пат украинската војска, колку што е познато, да го распореди технолошки напредниот систем за против-воздушна одбрана, само неколку недели по неговото пристигнување во Украина, наведува CNN.

Украинската против-воздушна одбрана истрелала повеќе проектили од Patriot под различни агли за да ја пресретне руската ракета, покажувајќи колку брзо тие станале вешти во користењето на моќниот систем, тврди неименуван официјален претставник. Американските власти веруваат дека Русите ги пресретнале сигналите што ги емитува Patriot, дозволувајќи им да го гаѓаат американскиот систем за воздушна одбрана со ултразвучна ракета позната како Kinzal. Портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, потврди дека Украинците го користеле системот Patriot за да го пресретнат Kinzal, кој може да достигне хиперсонична брзина.

Ракетниот систем Patriot има моќен радар за откривање ракети со долг дострел, што го прави моќна платформа за воздушна одбрана способна да пресретнува балистички ракети. Но, радарската емисија неопходна за да се забележат заканите на далечина, исто така, му овозможува на непријателот да го открие постоењето и локацијата на Patriot. За разлика од некои системи за против-воздушна одбрана со помал дострел, кои се мобилни потешко се погодуваат, големиот Patriot е стационарен систем.

Портпаролот на КремљДмитриј Песков, претходно изјави дека Patriot е дефинитивно легитимна цел на руската војска.

Украина доби најмалку два системи Patriot, еден од САД и еден од Германија, за да ја подобри својата против-воздушна одбрана, која претходно не можеше да пресретне помодерни руски ракети како што е оваа. Украинците веќе беа добро упатени во употребата на системи за против-воздушна одбрана, што им овозможи на Американците да ја намалат стандардната програма за обука од околу една година на неколку месеци. 

Последната проверка на системот Patriot беше извршена во средината на април, каде американски, германски и холандски инструктори им се придружија на украинските војници за конечна проверка пред системот да биде испратен во Украина.

војнаоружјеРусијаУкраина