МПЦ-ОА: Почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани,  Ве повикуваме да излеземе  масовно и да гласаме

Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена  волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата. 

Изборите се  можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и  иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога  дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани,  Ве повикуваме да излеземе  масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА –
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА