– Министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд У.бр 101/2023 за укинување на уште еден пропис по поднесена Иницијатива за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник, соопшти Министерството за правда.
Со оваа одлука, како што се посочува во соопштението, се укинува Правилникот за формата и содржината на прекршочниот платен налог, донесен од министерот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија број 128/2023)
-Воедно уште еднаш од Уставниот суд бараме по службена должност да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52 од Уставот. Непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд, знаел или можел да знае, подразбира основа за кривична одговорност, бидејќи тие би требало да ги следат прописите кои се објавени во Службен весник.
Оттаму посочуваат дека Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок.
-Од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, велат од Министерството за правда.