Илон Маск планира да наплати мала надокнада на новите корисници на платформата X кои сакаат да објавуваат содржина.
Маск ја посочи и причината поради која платформата Х се одлучила на овој чекор, а тоа е борбата против ботови. Тој вели дека тоа бил единствениот начин да се спречи наездата на бот.
– Сегашната вештачка интелигенција (и троловите) лесно можат да го поминат тестот „дали си бот“ – рече Маск. Тој посочи на алатки како што е CAPTCHA.
Сопственикот на платформата X подоцна додаде дека новите сметки ќе можат да објавуваат содржина на X по три месеци од создавањето, доколку не сакаат да платат такса.
Засега нема информации кога ќе почне да важи оваа наплата и колку ќе треба да платат новите корисници.
Минатиот октомври, X почна да наплаќа по еден долар годишно на непроверени корисници во Нов Зеланд и Филипини.
Новите корисници од овие региони, откако креираа сметка, можеа да читаат објави, но не да одговараат на нив или да вршат други интеракции. За објавување содржина, лајкување, повторно објавување, одговарање на содржина и друго, морале да платат такса.
На почетокот на оваа година, X почна да се бори со спам сметките, предупредувајќи ги корисниците дека бројот на нивните следбеници може да се намали.