Мртви на секој чекор, поплавите носат сè пред себе! Голем број мртви, грозоморни сцени го обиколуваат светот, вака изгледа ужасот во Киншаса! (ФОТО/ВИДЕО)

Најмалку 22 лица загинаа во големите поплави во главниот град на Конго Киншаса, соопштија властите.

Повеќето од смртните случаи се предизвикани од уривање на ѕидови, рече провинцискиот министер за здравство Партисијен Нгонго.

Поплавите го оштетија главниот пат кој води до аеродромот, кој повторно ќе биде отворен за целокупниот сообраќај во рок од 72 часа, изјави гувернерот на Киншаса, Даниел Бумба.

Патот, исто така, ја поврзува Киншаса со остатокот од Конго и властите се загрижени за потенцијалното влијание врз трговијата.

Во 2022 година, најмалку 100 луѓе загинаа за време на слични поплави во 
Киншаса.