Мртво тело е пронајдено во водите на реката Вардар во Скопје

Мртво тело денеска е извлечено од реката Вардар кај мостот „Близнак“.

,,Денеска (28.01.2025) околу 12:30 часот во ПСБ Скопје било пријавено дека во реката Вардар било забележано тело на жена. Околу 13:00 часот во близина на мостот Близнак, полициски службеници на Полициската станица Аеродром го извлекле мртвото тело од реката“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На крајот додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.