Мртво тело на жена е пронајдено во водите на реката Вардар

Министерството за внатрешни работи соопштува дека во водите на реката Вардар во општина Зелениково е пронајдено мртво тело на жена.

„На 09.01.2025 година во 11.15 часот во ПС Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во село Таор, општина Зелениково, во близина на стариот пат за Ново Село, било пронајдено тело на мртва жена, заглавена во кракот.

Мртвото тело е извадено од екипа на Одделот за специјални операции на полицијата на МВР и по наредба на обвинител е испратено на обдукција“, се наведува во соопштението на МВР.