Мурињо: Можев да ја напуштам Рома во декември

Португалскиот стратег Жозе Мурињо обелодени дека во декември лани имал можност да ја напушти клупата на Рома, но одлучи да остане тренер на италијанскиот прволигаш.

Мурињо во декември се поврзуваше како можен нов селектор на Португалија и Бразил, како и со враќање во Премиер лигата.

„Можев во декември да ја напуштам Рома, но не го сторив тоа. Ова е мојот живот, секој ден е борба. Некогаш се чини дека се мачиме, но при врвот на табелата сме со другите екипи, кои се силни и имаат што да покажат“, изјави Мурињо за италијанските медиуми.

Рома во моментов е третоплсирана во Серија А со 40 бодови од 21 натпревари.

Мурињо седна на клупата на римскиот прволигаш во 2021 година. Минатата сезона Рома под водство на Мурињо го освои првиот европски трофеј во историјата со триумфот во Лигата на конференции.