Жозе Мурињо, поранешниот тренер на Реал, по долги години проговори за својот најболен пораз.
Воедно тоа беше и најболниот пораз за Кристијано Роналдо, кој тогаш го носеше дресот на Мадрид.
Во 2012 година светот го чекаше Ел Класико во финалето на Лигата на шампионите. Сепак, во полуфиналето Челзи и Баерн се прашуваа нешто.
Англискиот претставник ја елиминира Барселона во полуфиналето со победа од 1:0 во првиот натпревар и нерешени 2:2 во реваншот.
Многу поголема драма беше видена на двомечот помеѓу Баерн и Реал. Гомез во 90. минута му донесе победа на Баерн во првиот натпревар од 2:1 одигран во Минхен.
Следуваше реваншот во кој Роналдо во 6. и 14. минута им донесе огромна предност на мадриѓаните. Сепак, Ариен Робен им ја врати надежта на Баварците во 27. минута.
Бидејќи до крајот на натпреварот немаше голови, се изведуваа пенали. Роналдо промаши пенал, па Кака, а голот на Бастијан Швајнштајгер во петтата серија му донесе пас на Баерн во финалето. Подоцна во финалето сред Минхен славеше Челзи по пенали.
Гледајќи наназад на тој натпревар, Мурињо рече дека тоа е првпат да заплаче.
,,Плачев по поразот од Баерн кога дојдов дома, тоа беше единствениот пат кога го направив тоа“, изјави Мурињо за „Прајм Виде“.
Но, тоа не беше единствениот необичен момент од вечерта. Набрзо добил повик од Жорге Мендеш, менаџерот на Кристијано Роналдо.
„Подоцна добив повик од Хорхе Мендеш: „Направи ми услуга: оди кај Кристијан бидејќи е мртов“. Му реков: „И јас сум мртов“, рече Мурињо, а потоа додаде:
„Но, го направив тоа, се подготвив, без солзи и отидов кај Кристијано. Двајцата бевме уништени“, објасни Мурињо.