Во рамки на работната посета на Украина, министерот Орхан Муртезани оствари повеќе средби на кои ја потврди поддршката на Северна Македонија за процесот на европска интеграција на Украина.
Муртезани во Украина го истакнал и целосното усогласување на Република Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што е основа за нашата стратешка ориентација во однос на глобалните безбедносни предизвици.
Муртезани, исто така, појасни дека со цел да ја зајакне својата улога како одговорен и конструктивен партнер на меѓународната сцена, Северна Македонија, во контекст на посветеноста на процесот на европска интеграција, ќе продолжи активно да ги поддржува напорите на Европската унија и нејзините членки на НАТО за мирно решавање на конфликтот во Украина, унапредување на стабилноста и активно учество во глобалните иницијативи за унапредување на безбедноста во регионот.
Во контекст на актуелните геополитички случувања и новите предизвици кои произлегуваат од руската воена окупација на Украина, министерот Муртезани на средбата истакна дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе ја усогласи својата позиција со стратегиите и одлуките што ќе бидат донесени од Алијансата.
„Ја осудуваме руската агресија и ја даваме нашата целосна поддршка на украинските лидери во нивните напори да постигнат мир и стабилност во регионот заедно со нашите заеднички стратешки партнери. Во тесна соработка со нашите сојузници во НАТО, ќе продолжиме да се залагаме за изнаоѓање трајно решение кое ќе стави крај на војната и ќе обезбеди траен мир. Република Северна Македонија останува посветена на процесите кои ќе доведат до стабилност, поддржувајќи го украинскиот народ во неговата борба за слобода и безбедност“, рече министерот Муртезани.