Доколку опозицијата е против измените во Кривичниот законик, може да ги условува уставните измени со бришење на застареноста, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
„Претпоставувам дека некои дискусии за измена на Кривичниот законик се направени во рамките на уставните измени. Никој од нас не е среќен затоа што службено лице може да краде и да се извлече, а тоа ни се случува.
Но, постои решение. Постои иницијатива кога се менува уставот за да се вклучи во него отстранување на застареноста во случаите што се однесуваат на службени лица.
Важно е да ги поминеме уставните измени и ако опозицијата сака и е навистина против овие измени на Кривичниот законик, може да ги условува уставните измени со отстранување на застареноста“, изјави Муслиу за „ТВ24“.