Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во официјална посета на Македонија. Тој беше пречекан на скопскиот аеродром од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво.
„Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете држави, како и можностите за нивно понатамошно унапредување во духот на пријателство и соработка. Посетата на хрватскиот претседател претставува потврда за традиционално пријателските и партнерски односи, кои се развиваат без отворени прашања – како на билатерално, така и на мултилатерално ниво“ напиша Муцунски на Фејсбук.