Муцунски: Жерновски е отповикан поради прекршување на дипломатските правила

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вчерашното гостување во ТВ21 беше прашан околку отповикувањето информацијата што се појави во медиумите за отповикување на амбасадорите. Тој посочи дека поранешниот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, бил отповикан поради „дисциплинско прекршување на дипломатските правила“

„Го имаме случајот со господинот Жерновски каде што се работи за дисциплинско прекршување на правилата на дипломатското работење коишто се навистина ноторни и тука нема некоја дилема околу тоа прашање. А, има и група на амбасадори коишто биле упатени без да го поминат соодветното сослушување или тој филтер којшто постои пред собраниската Комисија за надворешна политика. Ноторен правен факт е дека се работи за амбасадори коишто од страна на претходниот претседател, од претходната влада, биле упатени спротивно на Законот за надворешни работи“, рече Муцунски.