Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на УНИЦЕФ во земјава, амбасадорката Лесли Милер со цел да му ги предаде копиите од акредитивните писма.
Муцунски и честиташе на Милер за нејзиното именување на функцијата претставник на УНИЦЕФ, изразувајќи уверување дека со своето искуство и посветеност ќе придонесе за зајакнување на меѓусебната соработка во наредниот период.
Воедно, Муцунски информираше за приоритетите и активностите на Владата, нагласувајќи дека фокусот на работата ќе биде унапредување на човековите права, со акцент на правата на најранливата категорија, т.е. децата.
Исто така, тој истакна дека Програмата за соработка 2021-2025 година овозможува развој и продлабочување на соработката со УНИЦЕФ, како и спроведување на приоритетните активности од Планот на Владата за правата на децата, што е во согласност со Националната стратегија 2020-2025 година и Акционен план за превенција и заштита на децата од насилство.