„За поранешниот амбасадор Лубомир Ферчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на средствата од јавниот буџет. Индициите се дека штетата е шестцифрена во евра. Не можам да кажам конкретно колку е во моментов, давам некои информации дека ми е дозволено во оваа фаза, бидејќи постапката е во тек. Спроведена е внатрешна процедура во МНР, информацијата што ја добив е навистина многу вознемирувачка“, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Тој додаде дека се преземаат мерки за информирање на надлежните институции.
„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки и понатаму ќе имаме должност да ги известиме надлежните институции за правда, но тоа што тие ќе го преземат е надвор од наша надлежност и оди во нивна надлежност“, изјави Муцунски.