Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со новиот заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска.
Како што информираат од МНР, Муцунски ѝ честитал за изборот на оваа висока и важна функција, што е признание за нејзината претходна заложба и потврда за меѓународниот углед на Република Северна Македонија како активна и посветена членка на НАТО.
„Министерката изрази уверување дека нејзината улога ќе придонесе за натамошно зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу земјите-членки.
Тој ја потврди посветеноста на Република Северна Македонија кон заедничките цели и вредности на НАТО, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи да дава активен придонес за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко“, соопшти МНР.
Шеќеринска ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа претходно оваа есен, откако заменик-генералниот секретар Мирчеа Јоана поднесе оставка за да се кандидира на претседателските избори во Романија овој месец.
Шеќеринска ќе ја преземе функцијата пред крајот на оваа година.