Убил двегодишно дете во кревет!
Мујага Чичкошиќ (39) во неделата околу 21:15 часот се самоубил скокајќи од 14 кат од зградата, откако претходно ја убил сопругата Амела Чичкошиќ и двете деца на возраст од девет и две години.
Денес во 16 часот ќе биде погребан на гробиштата „Мезарје Шевар“.
Како што пишува на умреницата, ожалостени се таткото, братот, како и бројни роднини.
Да потсетиме, злосторството што беше извршено во станот ја замрзнува крвта во вените. Чичкошиќ делото го извршил со секира, а работите да бидат пошокантни – таткото монструм, кој детално го испланирал убиството, ја купил секирата на пазар. Убил двегодишно дете во креветче.
Но, тоа не беше крајот. Убил уште едно деветгодишно дете во станот. Мајката се обидела да го спречи злосторството, но не успеала.
Полицијата го пронашла продавачот кој му ја продал секирата на Мујага, но тој немал поим зошто му е потребна. Секирата ја купил на пазарот кај „Хамет“.
Од Обвинителството на ТК официјално потврдија дека секирата била пронајдена во станот и дека е испратена на вештачење. Ваков криминал одамна не е забележан на овие простори, пишува Аваз.
До кого беше упатена „прошталната порака“?
Она што ги шокираше истражителите е тоа што Чичкошиќ наводно оставил белешка на вратата од станот по страотното злосторство. Ги напишал имињата на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор.
“Да ги е**м семејството, се е ваша вина!“, напишал наводно во пораката оставена на вратата од станот.
Засега не се знае на кого се однесува пораката. Наводно, тоа било испратено до роднини од Германија кои му помогнале да најде работа во оваа земја. Во една од пораките тој наводно им „заблагодарил“ на поединци за помошта.