Во светот, дури и како рокер можете да заработите добри пари!
Богатството на Тина Тарнер, кралицата на рокенролот која почина оваа недела, кое се проценува на околу 250 милиони долари, најверојатно ќе го наследи нејзиниот сопруг Ервин Бах.
Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска.
Пејачката Ана Меј Булок, попозната во јавноста како Тина Тарнер, почина на 83-годишна возраст.
Тина Тарнер, како се наведува, починала од природна смрт во својот дом во Швајцарија по долги години борба со ракот, четири децении висок крвен притисок и трансплантација на бубрег.
За време на нејзиниот живот, таа беше голем страдалник и жртва, но и жена со неверојатна харизма и божествен глас. Документарниот филм „Што има љубовта со тоа“ можеби најдобро го опишува нејзиниот трнлив пат до ѕвездите.