Сузана Манчиќ, водителка и пејачка, при гостување во српска емисија откри како е да се пее за Тито.
– Беше возбудливо. Тоа беше последната година од неговиот живот, секако се криеше дека е болен, тоа тогаш не го знаевме. Ме извлекоа од Театар пет, правниот факултет и исто како во филмовите, ме замолија да одам со нив и да му пеам на Тито. Реков дека ми треба време да се спакувам, а тие рекоа дека веќе се погрижиле односно биле веќе кај мајка ми. Веднаш потоа таа ја продолжи својата приказна:
– Буквално ме извлекоа од предавањето и отидовме во хотелот Оморика на Тара. Имаше полиција, УДБ, војска, се чувствуваше голем стрес во воздухот. Не сум нервозна личност, но кога излегов колената ми се тресеа. Пеев во матурски фустан, Тито беше нерасположен, пудлиците му лаеја, па едвај чекав да завршам.