Клаус и Џозефин, брачна двојка која живее во Германија со своите три деца, се чини дека се однесуваат како и секој друг пар, но од самиот почеток се соочуваат со многу негативни коментари за нивниот брак.
Имено, Клаус е вујко на Џозефина. Иако овој тип на брак е табу во Германија, тој е сосема легален според германските закони. Тие опишуваат како морале да се борат со предрасудите и негативните коментари, но не се откажале.
Клаус за германските медиуми раскажа дека првпат ја видел Џозефина кога таа била бебе. Тој тогаш имал 23 години. Долго време не биле во контакт, а се запознале кога Џозефина имала 16 години.
Три години подоцна, тој и’ признал на својата внука дека има силни чувства кон неа, но и’ ветил дека нема да и’ пријде доколку таа не сака. Сепак, Џозефин одлучила да започне врска со нејзиниот 23 години постар вујко.
Нивниот брак е легален бидејќи од правен аспект во Германија нивната врска е од трет степен. Според германскиот закон, им е дозволено да се венчаат и да имаат деца, иако таквите случаи се многу ретки.
Двајцата се во брак 14 години и имаат три деца – две момчиња и едно девојче.
Разликата во години не им пречи и нивниот брак е силен и хармоничен и покрај тоа што од почетокот наишле на осуда од околината и грди коментари од оние на кои бракот на вујко и внука им е табу.