МУ СЕ ЗАКАНУВА 20 ГОДИНИ ЗАТВОР! Новинар на американскиот весник WSJ уапсен во Русија – обвинет за шпионажа

Руската служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот извести дека го уапсила новинарот на американскиот весник Wall Street Journal (WSJ), Еван Гершкович под обвинение за шпионажа.

Медиумите во Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека ФСБ тврди дека новинарот, кој известува за настаните во Русија и Украина за WSJ, бил уапсен во градот Екатеринбург додека наводно се обидувал да добие доверливи информации за активностите на воено-индустрискиот комплекс.

ФСБ не наведува кога се случило апсењето, но Еван Гершкович сè уште бил активен на социјалната мрежа Твитер на 28. март.

Медиумите пренесуваат дека му се заканува затворска казна до 20 години доколку руските власти го осудат за шпионажа.

Еван ГершковичновинарРусијаФСВ