Затворениците во македонскиот затвор во Шутка се револтирани поради монструозното злосторство за кое се осомничени Љупчо Палевски и неговата група одговорни за свирепото убиство на Вања Ѓорчевска (14).
Осомничените биле затворени во посебни ќелии а кога ги виделе другите притворени ги навредувале и им лупале по решетките! Тројца од четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Горчевска кои се наоѓаат во Шутка ја признаа вината и својата улога во ова грозоморно злосторство, пишува порталот ММС.
Додека се сместени во ќелиите, останатите затвореници постојано им довикуваат: „Како можеше да убиеш дете!?“, „Зошто!?“, „Зошто убивте дете!?“.
Велибор Манев, велешанец, кратко одговорил:
– ,,Ми требаа пари за свадбата на ќерка ми, затоа одлучив да бидам соучесник!”, го пренесува белградски Курир пишувањето на ММС.
А тој одговор уште повеќе ги револтираше сите – и притворените, и затворениците и вработените.
Манев, откако се дозна дека е еден од виновниците за смртта на Вања, изјави дека е татко на две ќерки. Едната е мажена и има внуче, а другата ќерка не.
Велибор Манев и главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо биле блиски пријатели и имаат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Манев беше човекот кој се кошкаше и се обиде да му го затвори патот на Филип Петровски пред еден локал во Кавадарци каде тој имаше средба со градоначалникот на градот, на која присуствуваа повеќе луѓе, а потоа тие фотографии преку Палевски беа објавени во Доказ. На видео камерите од локалот се виде дека фотографиите ги направил Манев. Инаку, во еден од своите последни Крш поткасти каде гостуваше споменатиот доказовец самиот призна дека имал потпишано пристапница за партијата Десна, но тоа го имале направено и уште неколку новинари од “медиумското подземје” во Македонија.
Слични прашања биле упатени и до таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
– Како можеше?!“, го прашувале Александар затворениците, но, тој само молчел по пристигнувањето во Шутка.
Пред неколку дена, пак, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар и тројцата осомничени, облечени во специјална облека и ќелави беа изведени пред судијата под силно полициско обезбедување, а потоа јавноста го виде нивниот нов изглед.
Во одбрана на таткото на Вања Ѓорчевска стана и долгогодишниот втор човек на скопски Фершпед, Кираца Трајковска која преку социјалните мрежи ги нападна сите кои шират невистини за него. Трајковска повеќе од 15 години му беше десна рака на Штерјо Наков, а нејзиниот син и споменатиот Александар беа во кумовски односи.
Подоцна приведен е и возачот кој го возел главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо, за кој се верува дека ја убил Вања Ѓорчевска.
Се зборува и дека Палевски ја изградил зградата од каде што е киднапирано девојчето.
– Според пишувањата на македонските медиуми, Палевски и неговата градежна компанија UNA ENTERPRISE навистина ја граделе зградата во која живеела Вања.
Се претпоставува дека Палевски поседувал и простор од 20 метри квадратни во таа зграда – рече Стојковски.