По повод денот на општина Чашка 21-ви Август денес конечно после долг период е обновен возниот парк со две нови возила за потребите на општината.
Застарениот со децении необновен возен парк, огромните финансиски трошоци за често сервисирање на веќе дотраените возила и неможноста вработените во локалната самоуправа непречено на терен да ги извршуваат своите работни задачи, беа повод општина Чашка за сопствени потреби да изврши набавка на 2 нови возила со единствена цел за подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.
Вредноста на двете возила после јавната набавка изнесува 3 600 000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Чашка кои ќе се плаќаат сукцесивно во наредни 5 години.