Навивачите во Саудиска Арабија го нападнаа Митровиќ! Му фрлаа шишиња, а тој бараше уште! Снимката од Србинот го обиколи светот! (видео)

Александар Митровиќ не се плаши од никого на теренот. Без разлика дали се работи за противнички играчи или незадоволни навивачи. Тоа им го покажа на сите во Саудиска Арабија на натпреварот против Ал Итихад во Купот. Прво се расправаше со судијата поради црвениот картон за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а потоа и со публиката.

Тој во еден момент со соиграчите го прославуваше голот на Абдулхамид во 81. минута. Тој седна на столче, останатите играчи го опколија и го прославија голот. Тоа не и’ се допадна на локалната публика, па во еден момент во нивна насока почнаа да летаат разни работи. Тие беа главно чаши и шишиња со вода.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види моментот во кој Митровиќ прво спречува едно од тие шишиња да го погоди голгетерот, а потоа со раширени раце застанува пред нив. Покажа завидни рефлекси, еден од нив го фати во рака, дури еден успеа да шутне… Ова дополнително ги испровоцира навивачите кои продолжија да фрлаат.

Набрзо српскиот претставник се сврте и се врати на теренот. Заедно со Ал-Хилал тогаш славеше голем успех, победа и пласман во финалето на Купот. Таму ќе играат против Кристијано Роналдо и Ал-Наср и таа пресметка е закажана за 31 мај во Џеда, на стадион кој има капацитет од над 62.000 луѓе. Таму ќе бидат без Сергеј Милинковиќ-Савиќ, доколку жалбата на клубот за црвениот картон не вроди со плод, иако шансите за тоа се мали.