Англискиот напаѓач Џејдон Санчо (25) веројатно немал поим дека неговата објава од 24 јули ќе биде толку популарна на социјалните мрежи и дека ќе го „урне“ интернетот.
Потоа Санчо сподели серија фотографии од својот одмор на својот Инстаграм, а објавата досега собра неверојатни 5,3 милиони коментари.
Имено, профилот на Англичанецот беше преплавен од навивачи на Бешикташ кои напишаа милиони коментари поканувајќи го да дојде во познатиот турски клуб.
Така, оваа објава беше рангирана меѓу петте најкоментирани објави досега на оваа социјална мрежа.
За потсетување, Санчо е на пат да го напушти Манчестер Јунајтед, со кого има договор до летото следната година.
Медиумите претходно пишуваа дека Борусија Дортмунд и Јувентус биле најблиску до негово потпишување, а срамежливо се споменуваше и Рома.
Бешикташ сега се вклучи во приказната, па останува да се види каде на крајот ќе заврши офанзивниот играч, чија вредност на пазарот се проценува на 28 милиони евра.