Група навивачи на ПСЖ се собраа пред домот на бразилскиот фудбалер Нејмар и побараа негово заминување од клубот.
Навивачите гласно извикуваа различни слогани барајќи Нејмар да го напушти нивниот клуб, а тој одговори на вознемирувањето преку Инстаграм.
Не дозволувајте другите да ве вовлечат во својата бура, донесете ги на ваш мир“, напиша Нејмар во својата приказна на Инстаграм, каде што го следат повеќе од 208 милиони луѓе.
Навивачите на ПСЖ прво го навредуваа Лионел Меси пред просториите на клубот, а потоа отидоа во куќата на Нејмар.
Од друга страна, ПСЖ го осуди ваквото однесување иако го казни Меси поради патувањето во Саудиска Арабија без дозвола.
“ПСЖ остро ги осудува овие дела и навреди од мала група поединци. Без разлика на разликите, ништо не ги оправдува таквите дела. Клубот ги поддржува играчите, управата и сите оние кои беа погодени од ова срамно однесување”, соопштија од парискиот клуб.