НАВРАТИЛОВА ГО ПОБЕДИ РАКОТ ПА ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Мислев дека нема да го дочекам Божиќ…

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Мартина Навратилова по втор пат победи во најважната битка во нејзиниот живот. Таа објави дека го победила ракот на дојката и грлото со кој се борела последните месеци , пишува „Дејли мејл“.

Докторите на 66-годишната тениска легенда и дијагностицирале рак на грлото, при дополнителни прегледи откриле и рак на дојка во рана фаза, а сега таа убавата вест ја пренесе преку емотивно интервју со Пирс Морган, додавајќи дека мислела дека нема да види следниот Божиќ .

Таа признала дека почнала да прави список со работи кои треба да ги прави додека не умре

„ Што по ѓаволите кола да сакам да возам ако ќе живеам уште една година? “, рече Навратилова, која сега ќе има повеќе време за сите нејзини желби.

Навратилова своевремено беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои дури 59 грен слем титули. Од нив, таа освои 18 во сингл, 31 во двојки и 10 во мешани парови. Кариерата ја заврши во 2006 година.