Нагелсман: Швајцарија е најсилниот противник во групата

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со Швајцарија во 3. коло од групниот турнир на Евро 2024 година.

– Во моментов немам планови за промена на составот. Не ризикувам да калкулирам околу жолти картони бидејќи имам целосна доверба во тимот. Ако некој од играчите биде суспендиран, едноставно ќе испратиме некој друг на теренот. Мислам дека Мурат Јакин (селектор на швајцарската репрезентација) е добар тренер и ми се допаѓа да разговарам со него за фудбалот. Швајцарија е веројатно најдобриот противник во оваа група според индивидуалните квалитети, изјави Нагелсман, за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Германија ќе се одигра вечер во Франкфурт со почеток во 21 часот.

Германската репрезентација веќе обезбеди пласман во плејофот по двете победи и шесте бода. На второто место е Швајцарија со 4 бодови, трета е Шкотска (1), а четврта Унгарија (0)