Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите скопски средни училишта е да продуцираат успешни идни професионалци кои се квалитетни, одговорни, се движат кон иднина базирана на знаење и се пример за идните генерации средношколци.

Град Скопје