Полека се ближи враќањето на Рафаел Надал на теренот .
Шпанецот напорно тренира за да биде подготвен за новата сезона. По една година пауза ќе играат на турнирот во Бризбејн, а подготовките за големиот камбек се во полн ек.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од тренингот на шпанскиот ас, а посебно внимание привлече еден детал на раката на Надал.
Многумина забележаа дека Надал на тренинзите го носи најскапиот часовник некогаш виден на тениските терени.
Станува збор за рачно изработен часовник на луксузниот бренд „Ричард Мил“ кој вреди неверојатни 2,3 милиони долари!
Луксузниот модел „RM 27-04 Tourbillon Rafael Nadal“ е специјално направен за шпанскиот тенисер. Тежи само 30 грама, па Шпанецот практично не го чувствува на раката, па Шпанецот не го соблекува ниту на тренинг.
„На почетокот тоа беше прилагодување, моравме тесно да соработуваме за да го прилагодиме часовникот на мојот зглоб. Сега тој стана дел од мојата кожа, како да немаш ништо на себе“, откри еднаш Надал.