АТП турнејата спроведе анкета, а резултатот од анкетата е доказ колку тенисерите и ривалите го ценат Новак Ѓоковиќ.
Во споменатата анкета, различни тенисери, меѓу другите, беа и Рафаел Надал и Даниил Медведев.
Добиле неколку прашања за сезоната која неодамна започна.
Така дознавме дека по титулата на Австралија опен , многумина веруваат дека Ѓоковиќ ќе освои уште еден Грен слем во 2023 година.
Иснер, Шаповалов, Хачанов и други рекоа дека веруваат дека Новак ќе го освои Вимблдон, а Ролан Гарос ќе му припаден на Надал, додека за УС Опен предвидуваат некој трет .
Медведев е еден од оние кои веруваат дека Новак ќе освои најмногу Мастерс турнири.
Јак е, кога игра освојува многу турнири“, изјави Русинот.
А, на прашањето кој ќе ја заврши годината на прво место, немаше голема дилема. Заедно со останатите, Надал и Медведев најавија дека тоа ќе биде Новак Ѓоковиќ.
Токму превидувањето на Шпанецот дека српскиот тенисер ќе биде најдобар на крајот на годината предизвика најголемо внимание кај навивачите на српскиот и шпанскиот ас.