Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска на прес-конференција соопшти дека следната година ќе ја заврши кариерата, објави шпанска „Марка“.
Целиот свет остана во шок откако славниот Шпанец објави дека 2024 година ќе биде последна во неговата професионална кариера.
– Ако продолжам да играм сега, мислам дека нема да можам да играм на турнирите следната година. Мојата намера е следната година да ми биде последна и да можам да играм турнири – изјави Шпанецот и потоа додаде:
– Нема да одам на овој на Ролан Гарос. Нема да играм неколку месеци. Мојата намера е 2024 година да биде моја последна година. Морам да ставам крај на мојата спортска кариера. Ќе се обидам да го регенерирам моето тело. Нема да одредам датум за враќање. Кога ќе бидам подготвен, ќе се вратам.
Рафа се надева дека ќе се натпреварува на Австралија опен следната година.
– Можеби ќе се вратам на крајот од сезоната во Дејвис купот, се надевам дека следната година ќе играм на Австралија опен. Тешките години се зад мене, иако победите тоа го прикриваа. Сега за жал, не можам да се натпреварувам на нивото што ми треба, па морам да ставам точка на спортската кариера. Ќе се обидам да го регенерирам моето тело. Нема да одредам датум за враќање. Кога ќе бидам подготвен, ќе бидам таму каде што треба – објасни славниот тенисер. Д
а потсетиме, Надал заработи повреда на мечот со Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија Опен и оттогаш нема играно.
Интересно е што Рафа никогаш во кариерата не го пропуштил Ролан Гарос, а славниот турнир го освојувал дури 14 пати.