Од мај до крајот на јули оваа година, низ цела Македонија се случиле повеќе од 2.000 сообраќајни несреќи. Податоците покажуваат дека 22 лица загинале во сообраќајни несреќи во анализираниот период.
Најчеста причина за несреќите била пребрзото возење. Статистиката од Министерството за внатрешни работи покажува дека најголем број сообраќајни несреќи – 780 – се случиле во јули, а најмалку во мај.
Освен државјани на Република Македонија, и странци биле вклучени во сообраќајни несреќи на македонските патишта. За два месеци, во мај и јуни, бројот на странци кои имале сообраќајни несреќи изнесувал 95. Ниту една од нив не завршила со фатални последици.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека со новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за помали прекршоци и Кривичниот законик, на лицата кои управуваат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дрога и на оние кои возат со екстремна брзина – трајно ќе им бидат одземени возилата.
Статистиката за сообраќајни несреќи што се случиле во земјите од Европската Унија покажува дека минатата година, единствената земја во која немало сообраќајни несреќи со фатални последици била Финска.