Намалете го холестеролот природно со оваа храна

Холестеролот е вид на маснотии кои се присутни во крвта. Телото го користи холестеролот за извршување на различни активности како што се одржување на флексибилноста на клеточните ѕидови, синтетизирање на хормони, жолчни киселини и витамин Д.

Постојат два вида холестерол: липопротеини со ниска густина (LDL) – лош холестерол кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и липопротеини со висока густина (HDL) – добар холестерол кој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Покрај холестеролот, мастите во крвта вклучуваат и триглицериди.

Биосинтезата на холестерол се одвива во црниот дроб, од кој со помош на соодветни протеини се транспортира понатаму во телото за различни намени. Дел од холестеролот се враќа во црниот дроб каде што се користи за синтеза на други стероиди. Доколку овие два процеси не се координирани, доаѓа до акумулација на холестерол во жолчката (жолчни камења) или на ѕидовите на артериите (артериосклероза).

Неопходен е за функционирање на организмот, а се наоѓа во клеточните мембрани на сите ткива, додека најмногу го има во мозокот и ‘рбетниот мозок.

Фактори кои влијаат на нивото на холестерол вклучуваат прекумерна тежина, возраст, семејна историја и храна богата со заситени масти. Холестеролот може да доведе до затнување на артериите, но може да се намали со воведување здрава исхрана и редовно вежбање. Донесуваме природни лекови кои можат да ви помогнат да го намалите холестеролот по природен пат.

Природни лекови за намалување на холестеролот

Одредена храна содржи холестерол, а другата храна може да го стимулира црниот дроб да произведува повеќе од него. Според Националниот институт за срце, бели дробови и крв, изборот на животниот стил е водечка причина за висок холестерол.

Куркума

Куркумата е една од намирниците која е природен лек против маснотиите во крвта. Куркумата помага да се намали холестеролот на ѕидовите на артериите. Додадете куркума во вашата исхрана или пијте млеко од куркума пред спиење за да го намалите лошиот холестерол. Сепак, најдобар начин е наутро да испиете половина лажичка куркума со топла вода.

Лук

Лукот содржи висока концентрација на алицин, соединение што содржи сулфур познато дека значително го намалува вкупниот ЛДЛ холестерол.

Ленено семе

Лененото семе содржи алфа-линоленска киселина, есенцијална омега-3 масна киселина за која е докажано дека го намалува ЛДЛ холестеролот, како и нивото на триглицериди. Истражувањата се уште се во тек за да се потврдат овие тврдења од страна на неколку нутриционисти.

Рибино масло

Рибиното масло е одличен извор на омега-3 масни киселини. Редовното внесување на овие масни киселини во форма на риба, како што се скуша, лосос, пастрмка, сардина и камбала, помага да се намали нивото на холестерол и да се намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Ако сте вегетаријанец, почнете да земате дневно таблети од 100 милиграми рибино масло за да ги регулирате мастите во крвта.