Секој келнер добро знае дека бакшишот има клучна улога во неговата месечна заработка.
Најпознатиот и најследениот јутјубер во светот Џими Доналдсон попознат како Mr.Beast реши да израдува млада келнерка. Џими во понеделникот на социјалните мрежи објави изненадувачко видео на кое наместо бакшиш на девојката ѝ ги предава клучевите од неговата нова кола „Toyota Corolla“. Само на социјалната мрежа ТикТок, за помалку од 24 часа, видеото достигна неверојатни 47 милиони прегледи!
„Ејми доаѓаше на работа без автомобил со месеци. Благодарение на тебе, го променивме и тоа“, рекол јутјуберот, кој од Ејми дознал дека нејзиниот најголем бакшиш во кариерата до сега бил само 50 долари.
Џими во својата богата кариера учествувал во бројни хуманитарни акции. Меѓу најзапаметените беше онаа од јануари годинава кога плати операции на катаракта за 1.000 луѓе. Неговото видео со наслов „1.000 слепи прогледуваат за прв пат“ за само четири дена го погледнале 75 милиони луѓе!
Видеото покажа трогателни моменти кои не оставија никого рамнодушен.
„Половина од сите слепи во светот се луѓе на кои им е потребна операција од 10 минути“, објаснил докторот во видеото, наведувајќи дека катарактата е честа причина за слепило, дека тоа не е комплицирана операција, но дека, за жал, луѓето не можат да си го дозволат тоа. Во јануари 2022 година, магазинот Forbs го прогласи јутјуберот за најплатен креатор на Јутјуб и процени дека тој заработил 54 милиони долари само во 2021 година.