Ако првиот чекор што ќе го направите наутро е да посегнете по шолјата со кафе, можеби ќе се премислите поради следните факти.
Додека будењето со кафе зависи од количината на кофеинот, јаболкото му ја дава на телото енергијата потребна заради природниот шеќер фруктоза и не остава негативни последици врз организмот, тврдат експертите.
Јаболкото е добро и поради фактот што не му паѓа тешко на стомакот, што не е случај со кафето, а исто така не влијае на притисокот. Се разбира, кофеинот во кафето ќе има подобар ефект при самото будење, но придобивките од јаболката не треба да се запоставуваат. Таа ќе го разбуди телото на природен и лесен начин, што нема да предизвика нервоза и недостаток на сон, што може да биде последица од пиењето кафе.
Освен тоа, јаболкото е богато со витамините А, Б и Ц, но и со пектинот, кој во организмот ги апсорбира водата и отровите. Кафето подобро ќе дејствува при будењето, но со можни последици, додека јаболкото е здрав начин за будење на телото.