Моделот Наоми Кемпбел повторно е во центарот на вниманието откако минатата недела се појави на луксузен настан во Лондон во друштво на нејзиното поранешно момче, германскиот диџеј Рампа.
Имено, двојката заедно присуствуваше на престижната прослава на 150-годишнината од луксузниот бренд за часовници Audemars Piguet, што се одржа во елитниот лондонски објект 180 The Strand, дел од ексклузивниот синџир хотели Soho House.
Според присутните, Наоми и Рампа пристигнале на настанот заедно и биле неразделни во текот на целата вечер, изгледајќи блиски и опуштени. Нивното блиско однесување веднаш предизвикало шпекулации дека ја обновиле својата романса.
„Седеа еден до друг, изгледаа многу блиску и се смешкаа – како никогаш да не раскинале. Изгледаа како повторно да се пар“, изјави извор за Дејли Меил.
Нивната врска првпат стана јавно позната минатото лето, кога беа видени заедно на романтичен одмор во Миконос. Сепак, во декември, тие престанаа да се следат еден со друг на социјалните мрежи, што предизвика гласини за раскинување. Извори блиски до Наоми тврдеа дека врската завршила поради зафатен распоред и професионални обврски од двете страни.
„Нивната врска беше полна со емоции, но темпото на животот не им дозволуваше да останат заедно“, изјавил извор за „Сан“ во тоа време.
По наводната раскинување, Наоми ги отстрани сите коментари поврзани со Рампа од своите профили и се сврте кон семејниот живот.
Рампа, патем, е роден во германскиот град Фрајбург и е еден од најпознатите диџеи на електронската сцена. Тој е ко-основач на популарната издавачка куќа „Кејнемузик“, а неговите настапи низ целиот свет привлекуваат десетици илјади обожаватели.