Наоми ја крена температурата во Монако: Сите се прашуваат дали има временска машина, бидејќи изгледа брутално

Британската модна икона Наоми Кемпбел, која во четврток наполни 55 години, блескаше на трката во Монте Карло во розово-црна елегантна блуза со структурирани ракави и црна здолниште со реси.

Наоми Кемпбел уште еднаш докажа зошто е ненадминлива модна икона во стилот, на гламурозниот викенд на Ф1 во Монако!  Таа се појави на трката во Монте Карло вопрекрасен стил а потоа ја презеде диџејската кабина за да ја започне забавата за таа вечер!

Наоми Кемпбел изгледаше како времето да застанало за неа. Стајлингот го надополни со интересни очила за сонце и  црн чокер со голем златен привезок во форма на срце, што ѝ даде допир на урбан шик.

– Таа не старее. Наоми изгледа како да има 35, а не 55 години! – напиша еден корисник на мрежите.

– Жената изгледа помлада од себе – додаде друг корисник на Твитер.

Наоми не застана само на модното импресионирање, вечерта се појави на официјалната забава на TAG Heuer, една од најпрестижните прослави на Ф1 во Монако, и ги воодушеви сите присутни со преземањето на диџејската кабина.

Во розово-црна елегантна блуза со структурирани ракави и црна здолниште со реси, Наоми покажа дека покрај тоа што оди по пистата како кралица, таа знае и да пушта добра музика. Бројни познати гости танцуваа во ритмите што таа ги одбра.