Терористички напад се случи денеска во трговски центар во израелскиот град Кармиел на северот на земјата.
„Ерусалим пост“ пренесува дека итната помош соопштила дека две лица се ранети со нож и дека едното од нив, кое е на околу 20 години, е во несвест и е во критична состојба.
Се соопштува дека терористот влегол во трговскиот центар.
– Сè уште не е познат идентитетот на напаѓачот – изјави портпаролот на полицијата.