Напад на САД врз Иран, предупредуваат ОН: Конфликтот ризикува да излезе од контрола

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, реагираше по нападот на САД врз Иран.

Гутереш изрази загриженост, како што рече, од употребата на сила од страна на САД, опишувајќи ја како опасна ескалација на тензиите во веќе кревкиот регион.

„Ова е опасна ескалација во веќе кревок регион и директна закана за меѓународниот мир и безбедност. Постои растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола – со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, напиша Гутереш.

Гутереш повика на деескалација на ситуацијата и почитување на обврските според Повелбата на ОН, нагласувајќи дека „нема воено решение“ и дека „единствениот пат напред е дипломатијата“.

„Во овој опасен час, од витално значење е да се избегне спирала на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, рече Гутереш.