НАПАД НА СРЦЕТО НА РУСИЈА: Погледнете ја снимката од нападот со беспилотни летала камикази врз деловните кули во Москва! МИНУВАЧИТЕ ПЛАЧАТ И ВРЕСКААТ ОД СТРАВ

Украински беспилотни летала ја нападнаа Москва во текот на ноќта меѓу саботата и неделата и ги оштетија фасадите на две згради од комплексот Московски Сити.

ТАСС наведува дека една кула е сериозно оштетена и дека искршени се прозорците од првиот до четвртиот кат, а повреден е и еден од чуварите на зградата. Телеграмскиот канал Mash наведува дека дронот паднал и на втората кула околу три часот наутро. Оштетени се неколку прозорци на петтиот и шестиот кат.

На снимката се слуша и се гледа силна експлозија откако дронот удри во зградата. Случајниот минувач тогаш панично вреска.

Уште два беспилотни летала беа соборени во западниот дел на Московската област во Одинсовската и Красногорската област. Министерството за одбрана на Русија наведува дека е спречен обид на Киев да нападне објекти во Москва.

Аеродромот Внуково е привремено затворен за полетувања и пристигнувања. Просторот околу деловниот комплекс „Москва Сити“ е ограден, а сообраќајот по улицата „Тестовска“ е блокиран.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека штетата е мала, и дека во нападот нема жртви.

Официјалните претставници на Киев се уште не ги коментирале изјавите на руските власти.

Беспилотни летала постојано ја напаѓаа Москва. Пред неколку месеци два дрона ја нападнаа куполата на Сенатската палата во московскиот Кремљ, додека на почетокот на јули неколку дронови погодија станбени згради и други нестанбени згради во Москва.

За време на руската инвазија на Украина, нападите со беспилотни летала станаа форма на конфронтација на украинските вооружени сили.