Хеликоптери на американската морнарица потопиле три брода на Хутите за време на жестока битка во Црвеното Море.
Централната команда на САД соопшти дека Хутите го нападнале бродот Хангжу на данската компанија Маерск.
Претходно беше објавено дека USS Gravely соборил два противбродски проектили во Црвеното Море кои Хути ги лансирале кон бродот Хангжу кој пловел под знамето на Сингапур.
Бродот „Маерск Хангжу“ го испрати својот втор повик за помош помалку од 24 часа откако бродот пријави дека бил нападнат од четири бродови на Хути поддржани од Иран, се вели во соопштението на американската војска.
Хутите пукале врз бродот од далечина од 20 метри, обидувајќи се да се качат на него, но обезбедувањето возвратило.
Американски воени хеликоптери беа испратени на таа локација како одговор на сигналите дека се нападнати од Хутите.
Хеликоптерите на американската морнарица возвратија со оган, успевајќи да потопат три од четирите бродови – неутрализирајќи го и нивниот екипаж.
Iranian-backed Houthi small boats attack merchant vessel and U.S. Navy helicopters in Southern Red Sea
— U.S. Central Command (@CENTCOM) December 31, 2023
On Dec. 31 at 6:30am (Sanaa time) the container ship MAERSK HANGZHOU issued a second distress call in less than 24 hours reporting being under attack by four Iranian-backed… pic.twitter.com/pj8NAzjbVF