Напад со нож во супермаркет во Мичиген – 11 повредени, 6 во критична состојба

Најмалку 11 лица се избодени со нож во супермаркет „Волмарт“ во Мичиген, од кои шест се во критична состојба.

Официјалните лица велат дека осомничениот е во притвор – и во оваа фаза се верува дека нападот бил „случаен чин“, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.

Шерифот Мајкл Ши им рече на новинарите: „Единаесет се премногу 11, но фала му на Бога што немаше повеќе“.

Осомничениот, кој е од Мичиген, не ѝ е познат на полицијата – и бил фатен во рок од три минути благодарение на „вклученоста на граѓаните“.

Покрај шесте лица кои се во критична состојба, се верува дека уште петмина се сериозно повредени. Сите 11 лица сè уште се на лекување во болница.

Во овој момент, возраста на жртвите е нејасна – но не се смета дека некоја од жртвите била вработена во Волмарт.

Траверс Сити е околу 255 милји северозападно од Детроит.