Синоќа убил германски турист, а со чекан нападнал уште две лица
Француската полиција уапси радикален 25-годишен екстремист кој синоќа во Париз уби германски турист и рани уште две лица .
По апсењето, тој изјави дека го извршил нападот затоа што бил загрижен „за страдањата на муслиманите, особено во Авганистан и на палестинските територии“, со обвинение дека Франција е соучесник во тоа, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денес.
- Оваа личност беше подготвена да убие уште луѓе – рече Дарманин за време на прес-конференцијата.
Напаѓачот помина четири години во затвор и беше ослободен во 2020 година, по што беше под надзор и на психијатриско лекување.
Како што пишува Ле Монд, тој е роден во Франција во 1997 година од родители Иранци, со кои живее во Есон.
Домашната разузнавачка служба (DGSI) го уапси во 2016 година за планирање напад во Ла Дефенс.
Осуден е на пет години затвор, од кои една година условно, а по издржувањето на казната е ослободен во 2020 година. Тој е ставен под судски надзор.
Тој бил склон кон радикален екстремизам и имал психијатриски нарушувања поради кои бил подложен на психијатриски третман во текот на неговиот притвор и по неговото ослободување.