Напаѓач во Амстердам бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Најмалку пет лица се повредени синоќа на централната железничка станица во Амстердам, откако маж вооружен со нож ги нападнал.

Повредените се однесени во болница. Полицијата интервенирала, го застрелала и ранила напаѓачот.

Медиумите јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Синт Николастраат и самиот плоштад Дам.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптерот слетува на плоштадот, додека повредените се префрлени во болница.